Ракомет
9. May 2017 - 22:59

Вардарци лесно до победата против ГРК Борец

 Ракометарите на Вардар очекувано лесно и убедливо забележаа победа над последно пласираниот ГРК Борец. 
 
Во заостанат натпревар од 5.коло во Плејоф лигата, вардарци попладнево пред својата публика го совладаа Борец со 39-28 полувреме 19-13.
 
по обврските во Лигата на шампионите и дел од нив по репрезентативните обврски со своите национални репрезентации се враќаат на активностите во домашниот плеј оф. Попладнево Вардар е домаќин на Борец од Велес во еден од одложените дуели на „црвено-црните“ (5.коло) поради европските обврски.
 
Почетокот на натпреварот е во 17 часот, а дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“.
 
Веќе во четврток вардарци ги очекува уште еден одложен натпревар и тоа дуелот од 6.коло против Металург. 
 
Токму оваа средба може да биде и решавачка за шампионскиот трофеј сезонава бидејќи Металург во првиот меѓусебен меч во Автокоманда забележа победа со 29-26. 
 
 
Дуелот во четврток меѓу Вардар и Металург ќе се игра од 20.30 часот во СЦ „Јане Сандански“
 
Табела: Металург 15 бодови (5 натпревари), Вардар 12 (5), Еурофарм Работник 9 (6), Охрид 9 (6), Пелистер 6 (6), Борец 0 (6).