Loading Video...
Ракомет
12. March 2018 - 13:57

Вардарци ќе играат за престиж и нов рекорд во СЕХА лигата

Актуелниот шампион во регионалната ракометна СЕХА лигата, Вардар утре со мечот против Нексе го заокружува настапот во регуларниот дел од сезоната. 
 
Вардарци кои одамна обезбедија првото место, утре во дуелот против хрватскиот тим Нексе ќе се сторат се за да останат непоразени. 
 
- Имаме мотивација да ја завршиме сезоната со победа. Фаворити сме, но мора тоа да го потврдиме на терен. Нексе е квалитетна екипа која во минатото знаела да ги изненади фаворити. Ние во пресрет на овој меч мора да ја поправиме одбраната, која во последниот период не е на очекуваното ниво, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, на денешната средба со медиумите. 
 
Со победата над Нексе, „црвено-црните“ ќе станат првиот тим со најмногу освоени бодови досега во историјата на СЕХА лигата, но и најмногу победи. 
 
Досегашниот рекорд го имаше Веспрем, со 16 победи и две ремија.
 
- Имаме голем мотив за да завршиме без пораз на крајот од групната фаза што е секако голем успех за нас во оваа СЕХА-лига. После дуелот против Нексе ни претстои мал одмор, а потоа сите мисли ќе ги насочиме кон завршниот турнир од СЕХА во Скопје. Примарна цел ни е да ја одбраниме титулата на Ф4 турнирот на кој сме домаќини, вели Мартин Поповски. 
 
Последниот меч против Нексе утре во СЦ „Јане Сандански" ќе се игра во терминот од 17:45 часот. 
 
Потсетување дека тоа нема да биде последен натпревар во Скопје во годинашната сезона на СЕХА лигата, бидејќи завршниот турнир кој е закажан од 13 до 15 април, ќе се одржи токму во Скопје.