Loading Video...
Ракомет
10. December 2017 - 14:57

Вардар во вториот дел го скрши отпорот на Металург

Ракометарите на Вардар многу потешко од очекуваното го совладаа градскиот ривал Металург со 31:24 и ја остварија десеттата победа во СЕХА лигата 
 
Тимот од Автокоманда имаше игра и водство се до 40.минута, но избраниците на Јовиќ немаа сила во ист ритам докрај да го одиграат натпреварот.
 
- Металург одигра добар натпревар, особено во првото полувреме. Во вториот дел ние бевме многу подобри од противникот и тим кој играше во Лигата на шампионите, пред се поради подобрата кондициска подготвеност. Тие беа уморни во финишот, но мора да признаеме дека одиграа добар натпревар, изјави тренерот на Вардар Раул Гонзалез.
 
Tренерот на Металург, Александар Јовиќ, му ја честиташе заслужената победа на Вардар
 
„Вардар игра одлично цела година, овој тим е неприкосновен полусезонава, а јас искрено им посакувам да стигнат на Ф4 и во СЕХА и во Лигата на шампионите. Ние се боревме во текот на целиот натпревар и мислам дека моите ракометари заслужуваат само пофални зборови“, изјави Јовиќ.
 
Најефикасен на дуелот беше Тимур Дибиров со 10 голови.
 
Вардар со максимални 10 победи и 30 бодови е прв на табелата, а зад него е ППД Загреб со 19 бодови. Металург е на 7.место со 9 бодови.
 
Веќе во вторник Металург ќе игра против Динамо Панчево, додека ден подоцна (среда) Вардар гостува во Словенија, кај Горење Велење.