Ракомет
27. April 2017 - 11:45

Вардар во ист состав, Флензбург со една измена

На денешниот реванш натпревар од 1/4 финалето од Лигата на шампионите македонскиот првак Вардар ќе настапи во истиот состав како и во саботата во Флензбург, додека кај бундеслигашот Флензбург ќе има една промена.

Тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез се реши за следните ракометари:
Штербик, Стоилов (капитен), Милиќ, Фереира Македа, Деревен, Карачиќ, Душебаев, Абутовиќ, Кањелас, Циндриќ, Чупиќ, Дибиров, Шишкарев, Борозан и Марсениќ.
Во екипата на Флензбург тренерот Љубомир Врањеш го изостави од списокот Годфридсон, а на негово место меѓу 16-мина е Захариасен.
Почетокот на натпреварот е во 19 часот.