Фудбал
4. August 2017 - 13:29

Вардар со Фенербахче, Шкендија против Милан во баражот од ЛЕ

На денешната ждрепка одржана во Нион македонските екипи Вардар и Шкендија ги добија ривалите за баражот за Лига Европа. 
 
Шампионот Вардар во првиот натпревар ќе биде домаќин на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, а дуелот треба да се игра на 17.август.
Тетовска Шкендија за противник го доби поранешниот европски шампион Милан. И Шкендија во првиот натпревар треба да биде домаќин.
Според тоа можно е УЕФА да направи промена на термините.
 
Бараж двојки во Лига Европа: 
Вардар – Фенербахче, 
Шкендија – Милан, 
Ајакс – Розенборг, 
Осиек – Австрија Виена, 
Црвена Звезда – Красондар, 
Алтах – Макаби Тел Авив, 
БАТЕ Борисов – Олександрија, 
Маритимо – Динамо Киев, 
Бриж – АЕК Атина, 
Динамо Загреб – Скендербег, 
Лудогорец – Судова, 
Панатинаикос – Атлетик Билбао, 
Аполон – Митјиланд, 
Домжале – Олимпик Марсеј, 
Партизан – Видеотон, 
ФХ – Брага, 
Евертон – Хајдук, 
Утрехт – Зенит, 
Легија – Шериф, 
Виторул – Салцбург, 
Викторија Плзен – АЕК Ларнака и 
ПАОК – Остерсунд.