Loading Video...
Фудбал
10. December 2017 - 15:21

Вардар славеше над Академија Пандев со 3:1

На средбата одиграна попладнево на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, актуелниот шампион Вардар ја совлада екипата на Академија Пандев со 3:1. 

Домаќините поведоа во 19.минута со голот на Дејан Блажевски. На вториот гол не се чекаше многу. Само 14.минути подоцна (33) Ерменецот Хофханес Хамбарџумјан на ефектен начин го совлада Вујанац. 

Во вториот дел односно 58.минута гостите намалија на 2:1, со голот од пенал на Јани Атанасов, откако претходно Велковски во казнениот простор направи прекршок врз Грифони.

Еменецот Хамбарџумјан кој денеска го играше јубилејниот  100-меч во дресот на Вардар, во судиското дополнение постигна уште еден прекрасен гол поставувајќи го конечниот резултат 3:1. 

Вардарци сега имаат 35 бодови, односно 11 помалку од лидерот Шкендија. Можност да го намалат заостатокот црвено-црните ќе имаат веќе во среда кога ќе го одиграат последниот меч од полусезоната и тоа против градскиот ривал Работнички.