Фудбал
14. July 2015 - 22:08

Вардар одигра без голови против АПОЕЛ

Македонскиот шампион Вардар вечерва одигра нерешено 0:0 на гостувањето кај АПОЕЛ во рамките од првиот натпревар од второто коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Ова за македонскиот првак е добар резултат особено што шампионот на Кипар, АПОЕЛ ја имаше улогата фаворит бидејќи последните неколку сезони постојано игра во групите од Лигата на шампионите.

Во првите минути од натпреварот Вардар имаше една шанса да поведе, но Велкоски биеше крај голот. Во финишот на првиот дел домашните се заканија во два наврати (42 и 43.минута) преку Леал, но голманот на Вардар Томе Пачовски одлично интервенираше.
Во 54.минута повторно Леал беше во шанса, но неговиот удар заврши крај голот. АПОЕЛ имаше уште една шанса во 63.минута, а ударот на Де Висенти, Пачовски го одби. До крајот на дуелот Вардар успешно го одржуваше резултаот без голови.
 
Реванш натпреварот се игра на 21.јули во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“.