Ракомет
19. May 2017 - 22:51

Вардар - Металург во женското финале на Купот на Македонија

Ракометарките на Вардар и Металург ќе играат во финалето на Купот на Македонија.
 
Во полуфиналните натпревари одиграни денеска Металург ја совлада екипата на Прилеп со 43:15, додека вардарки дури со 40 разлика ја декласираа екипата на Гевгелија со 56:16,
 
Финалниот натпревар меѓу Металург и Вардар ќе се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток во 12:30 часот.