Loading Video...
Фудбал
30. November 2017 - 14:55

Вардар и Шкупи одиграа без победник 1-1

Вардар и Шкупи одиграа без победник во првиот осминафинален дуел во Купот на Македонија. На средбата која се играше попладнево на стадионот во Ѓорче Петров, Вардар и Шкупи одиграа нерешено 1-1.
 
Екипата на Шкупи дојде во предност преку Ален Јашарооски, уште во 8.мата минута од натпреварот. 
 
Вардарци долго се мачеа да ја анулираат негативата, а тоа конечно му успеа Тигран Барсегјан, кој во 57.минута со ефектен погодок го израмни резултатот на 1-1. За Ерменецот, тоа беше петтиот гол сезонава во прволигашката конкуренција. 
 
Реванш мечот меѓу Шкупи и Вардар ќе се игра на 17 декември по што ќе биде познат противникот на Шкендија во четвртфиналето.
 
Инаку овие два тима в недела ќе го одиграат мечот од редовното 18.коло во Првата лига.
 
Потсетување дека вчера пласман во полуфиналето на Купот на Македонија обезбедија, Пелистер, Академија Пандев и Ренова