Фудбал
21. February 2018 - 17:55

Вардар и Шкендија одиграа без победник во меч од Куп на Македонија

 
Првиот меѓусебен дуел на Вардар и Шкендија во четвртфиналето бна фудбалскиот Куп на Македонија заврши без победник 1-1. 
 
Интересен фудбал исполнет со бројни шанси на обете страни имаа можност да видат присутните на арената Филип Втори, а конечниот епилог по 90-те минути е Вардар 1 Шкендија 1. 
 
Гостите поведоа во 63.минута по соло акцијата и голот на Ибраими. 
 
Најдобриот вардаров поединец Фелипе со прекрасен гол од слободен удар во 79.минута го израмни резултатот. 
 
Овој резултат најавува интересен реванш дуел во Тетово кој ќе се игра на 7 март, по кој ќе биде познат и последниот тим кој ќе игра во полуфиналето во кои пласман веќе имаат обезбедено екипите на Пелистер, Академија Пандев и Ренова.