Фудбал
25. July 2016 - 13:32

Вардар и Шкендија нема да играат Супер куп

Поради недостаток на термини оваа сезона нема да се игра воведниот дуел во новото фудбалско првенство на Македонија т.н Суперкуп во кој силите требаше да ги одмерат шампионот Вардар и Шкендија како победник на националниот куп. 

Според пропозициите на ФФМ овој натпревар треба да се одигра најдоцна 7 дена пред стартот на сезоната но бидејќи Шкендија обезбеди пласман во 3. квалификациско коло од Лига Европа со можност да продолжи и во баражот тогаш нема да има слободен термин оваа средба да се одигра пред 7. август кога стартува новото првенство не информираше Комесарот за натпревари при ФФМ Васко Дојчиновски.