Ракомет
11. May 2017 - 13:55

Вардар и Металург ќе играат во 1/2-финалето од Купот на Македонија

 
Денешната ждрепка за полуфиналните двојки од ракометниот куп на Македонија, го донесе дербито помеѓу Вардар и Металург уште на стартот.
 
 
Нова пресметка помеѓу Вардар и Металург, овој пат во полуфиналето од фајнл-фор куп турнирот на Македонија кој ќе се одржи во Битола на 20 и 21 мај.
 
Во второто полуфинале ќе играат домаќинот Еурофарм Работник и Охрид.
 
Познати се и паровите за женскиот Куп на Македонија кој ќе се одигра во Скопје а домаќин ќе биде Металург на 19 и 20 мај.
 
Вардар ќе игра против Гевгелија, а Металург со Прилеп.
 
Куп на Македонија мажи
1/2 финале 
Вардар - Металург
Еурофарм Работник - Охрид
 
Куп на Македонија жени:
1/2 финале 
Вардар - Гевгелија
Металург - Прилеп