Ракомет
12. September 2017 - 19:26

Вардар го освои првиот пехар во новата сезона

 Актуелниот европски првак РК Вардар го освои првиот пехар во новата сезона. 

Ракометарите на Вардар кои на домашната сцена минатата сезона ги освои двете титули, првенствена и во купот, попладнево го освоија и трофејот наменет за победникот во Супер Купот на Македонија. 

Вардарци пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“ го победија битолски Еурофарм Работник со 30-25 полувреме 19-12 и триумфираа во првиот македонски Супер Куп.

Најефикасен на натпреварот беше Гоце Ојлески кој за Еурофарм Работник постигна 8 голови, додека неговиот клупски колега Мајнов средбата ја заврши со 6 гола. Во победничката екипа на Вардар по 4 гола постигнаа Кристопанс, Канењас и Шишкарев.

Овој меч е вовед во новата ракометна сезона во Македонија која ќе стартува следниот викенд (23-24 септември),, а во првиот дел нема да учествуваат Вардар и металург кои ги очекуваат првите средби во настапува во Лигата на шампионите, а воедно настапуваат и во регионалната СЕХА лига.