Loading Video...
Кошарка
18. February 2018 - 17:49

Вардар го декласираа Бадел и го одбранија трофејот на Купот на Македонија

 
Како минатата година така и овојпат, кошаркарките на Вардар убедливо беа подобри од Бадел во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција, чија завршница се одржува во Кавадарци. 
 
Вардарки беа доминантни во текот на целиот меч, па на крајот остварија убедлива победа со 72-50 со што потврдија дека во моментов се далеку подобар тим од Бадел. 
 
Најефикасна беше Славица Наков којa постигна 20 поени, со што сосема заслужено го понесе признанието МВП на финалето во кое на репрезентативката Едина Муса и недостасуваше само еден скок да оствари дабл-дабл со учинок, а покрај 16-те поени имаше и 9 скокови.
 
Во машкото финале кое започнува од 19 часот ќе играат олемите градски ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром.