Македонија
5. October 2015 - 20:28

Вардар филм прикажува македонски филмски класици

Првиот фестивал  ,,Македонски филмски класици,, ќе се одржи од 8 до 12 октомври  во Скопје. Љубителите на седмата уметност  ќе  имаат прекрасна можност да  уживаат во најдобрите македонски филмски  остварувања.

Првото издание на фестивалот е во организација на  Националната установа ,Филмски центар ,Вардар филм,, , а со поддршка од Министерството за култура.

Пет исклучително важни филмови кои беа создавани  под логото  на ,,Вардар филм,, и наградувани со релевантни признанија, ќе бидат прикажани  во рамките на првото издание  на фестивалот.Тоа се: ,,Хај фај,, ,,Три Ани,,  ,,Среќна нова 49,, ,,Планината на гневот,,  и   ,,Тетовирање,,.

Филмовите ќе бидат прикажани во кино салите на ,,Синеплекс,, ,а билетите  се со симболична цена од 100 денари.