-->
-->
Вардар домаќин на Реал Сосиедад
-->
Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер од 19 часот на Националната Арена „Филип Втори“ го пречекува Реал Сосиедад во натпревар од третото коло во Лигата на Европа.
Иако шпанскиот состав е голем фаворит, црвено-црните ќе се обидат да го изненадат силниот противник и да ги запишат првите бодови во второто по квалитет клупско континентално
натпреварување.
Освен Дарко Велковски, Владица Брдаровски и Висар Муслиу, сите играчи кои се на списокот за Лигата на Европа вчеравечер го одработија последниот тренинг и подготвени одат на
мегдан со Сосиедад.
Во првите две кола, Вардар два пати беше поразен (Зенит и Розенборг), додека Реал Сосиедад има една победа (Розенборг) и еден пораз (Зенит).
Табела:
1 Зенит Ст. Петерсбург 6 бодови
2 Реал Сосиедад 3
3 Розенборг 3
4 Вардар 0
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители