Loading Video...
Ракомет
9. December 2017 - 15:12

Вардар домаќин на Металург во македонското дерби во СЕХА

Ракометарите на Вардар и Металург вечерва ќе го играат македонското дерби во регионалната СЕХА лига 
 
Средбата во Јане Сандански меѓу Вардар и Металург која е во рамките од 10.коло на СЕХА лигата ќе биде втор дуел на македонските ривали во оваа конкуренција. 
 
Во првиот одигран во рамките од 1 коло на почетокот на септември, актуелниот шампион Вардар забележа минимална победа со 32-23 .
 
Од тогаш наваму Вардарци незнаат за пораз, напротив сите 10 меча кои ги одиграа во СЕХА лигата ги завршија со победи, за разлика од екипата од Автокоманда, која се наоѓа на 7 место на табелата со скор од 3 победи и двојно повеќе порази (6). 
 
Вечерашното дерби меѓу Вардар и Металург кое е со хуманитарен карактер, бидејќи сите собрани средства ќе бидат наменети за лекување на младиот Борче Јовановски. 
 
Дуелот ќе се игра во јане Сандански со почеток од 20,45 часот