Ракомет
9. September 2017 - 9:25

Вардар до третата победа во СЕХА лигата

Европскиот првак Вардар воедно и шампион во СЕХА лигата ја постигна и третата победа во новата сезона откако синоќа на домашен терен го победи Мешков Брест од Белорусија со 31-23. „Црвено-црните“ водеа во текот на целиот натпревар, а гостите од Белорусија на еден негатива се доближија само во финишот на првиот дел 14-13.
Најефикасни кај Вардар беа Вуко Борозан со 6 голови и Иван Чупиќ со 5, Арпад Штербик имаше осум одбрани.
Ова беше првиот дуел од 3.коло, а денеска се игра дуелот Татран Прешов - Цеље. 
Утре се игра дуелот Металург - Нексе со почеток во 17:45 часот.