Ракомет
23. August 2017 - 20:12

Вардар 2017: Победа за ЖРК Вардар над Кубан

Женскиот вицешампион на Европа ЖРК Вардар попладнево во натпревар од првиот ден од турнирот „Вардар 2017“ ја победи руската екипа Кубан Краснодар со 37:32 (19:16). До триумфот „црвено-црните“ ракометарки стигнаа без поголеми проблеми, иако тренерот Ирина Дибирова поради повреди не можеше да смета на Александра Лакрабер и Полина Кузњецова. Најефикасни на дуелот со по 6 голови беа: Јованка Радичевиќ, Барбара Лазовиќ, Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ.
 
На првиот дуел од денешниот турнир од Б групата руската екипа Ростов го победи екс европскиот првак Букурешт со 29:26.
Утре на турнирот се играат натпреварите: Вардар - Будуќност од 17 часот и Одензе (Данска) - Ростов од 15 часот.