Македонија
16. February 2016 - 16:56

Ванхауте ја прегази декларативната објективност- На Твитер повторно се исмева со граѓаните

Медијаторот Питер Ванхауте продолжува со исмевањето со државата и граѓаните, занемарувајќи го фактот дека за многу помали испади дипломати биле прогласувани за персона нон грата од Европски земји.

Откако ја нарече Македонија земја која е цивилизациски заостаната за Европски Закони и откако имаше неколку вербални испади во преговорите, се чини, Ванхауте овој пат ја премина црвената линија.

На неговиот твитер профил, за кого од неговиот кабинет потврдуваат дека е управуван од него и таму тој ги објавува свите лични ставови, Белкгискиот олеснувач објави серија на навредливи содржини за Македонската држава и македонски политичари преку фотографии од мачки.

Во една од објавите Ванхауте се исмева со медиумските реформи.

„Уште еден нов ден на преговори за медиумите: Ќе одбереме слобода за медиумите или понижувачка контрола врз медиумите“, се вели во Твитер-пораката на Ванхауте дополнувајќи ја со фотографија на која се вели: „Мислам дека ја сакам слободата на медиумите се додека ги контролирам“.

Во друга објава, човекот кој треба да олеснува а не да завзема страни вели дека се додека не се имплементираат препораките од прибе, за македонците нема бакнежи за  празникот Валентин.

Вечерта кога траеа распитите за скандалозниот случај “Титаник“ на Катица Јанева, потсмевајќи се со политичарите Ванхауте објавиви фотографија на која Мачката Вели “Судијо јас сум невин“.

Олеснувачот го подржа и протестот за ислелувањето кој беше организиран од соросовите сателитски организации, а објави и Мачка која за избори ја менувала својата лична карта 3 пати годишно – праќајќи порака дека не треба да се одржат избори на 24 април.

За многу помали испади каде државата била навредувана, многу европски земји прогласувале дипломати, новинари или политичари за персона нон грата.

Таков е примерот со Естонија, државата на Евроамбасадорот Аиово Орав, која го протера италијанскиот новинар Џилието Чиеза затоа што на научка конференција изјавил дека Естонија е главната причина за лошите односи на ЕУ со Русија.

Сличен е и примерот со државата Израел која го протера германскиот поет Гутер Грас затоа што напишал поема во која Израелските војници се агресивни кон палестинците.