Вандализирани гробиштата во Љуботен, осквернавени надгробните плочи
Наместо вечен спомен на ближните, пустош остана од надгробните спомен плочи во скопско Љуботен. Еден по еден, вандалите вчера попладне ги уништиле вечните почивалишта. Во солзи денеска семејствата го следеа увидот на полицијата. Крим техника ги собра доказите и им вети дека безбедност им е гарантирана, но со тоа мештаните не се согласуваат.
На предците на овие луѓе не им остана ниту спокојот под земја. Оние кои со години наназад сведочат на вандалските напади бараат некој конечно да се сети дека и тие имаат проблем. И ова не е прв пат, сведочат жителите од Љуботен.
Мештаните на Љуботен сведочат дека проблемите во ова село не се реткост. Цел на вандали често е и црквата Св.Никола лоцирана на само неколку метри од селските гробишта. Последен пат била ограбена вбо 2009та година.
Ниту полицијата, ниту локалната власт одговара на проблемите на жителите на Љуботен, потврдува и свештенико кој служи во нивната црква. Отец Ѕвонко ги повика жителите од околните села да се обединат и да го продолжат живот заеднички.
Вечрва мештаните ги повикаа локалните власти да седнат на заедничка маса. Да побараат решение зошто велат друг избор освен животот да го продолжат во родното село немаат.
-
Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар