Македонија
4. May 2016 - 22:16

Вандалите на СДСМ и СОРОС удрија по ДИК

Демонстрантите организирани од СДСМ, СОРОС и БЕСА вечерва удрија по зградата во која е сместена Државната изборна комисија. Со балони полни со боја, учесниците на протестот ги офарбаa прозорите и фасадата од зградата на некогашната НИП “Нова Македонија”, во делот каде што се наоѓаат канцелариите на највисокото изборно тело во државата. Беа запалени и димни бомби, со цел да се сокрие идентитетот на оние кои фрлаа со боја.

Демонстрантите и денеска протестот го почнаа од пред зградата на СЈО, продолжија кон Собранието, а потоа поминувајќи покрај Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, стигнаа пред зградата на ДИК. И вечерва беа повторени барањата за одложување на изборите закажани за 5 јуни, укинување на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и негова оставка. За разлика од досегашната пракса протестите да завршуваат пред Владата, овојпат последната дестинација на демонстрантите беше ДИК.