Македонија
4. February 2016 - 17:11

Ван Хауте сака Заев да биде главен уредник на Македонија

Ван Хауте предлага скандалозно законско решение за медимите, кое директно ќе влијае на слободата и работата на новинарите. За електронските медиуми ова решение е неприфатливо бидејќи нема да донесе ништо друго освен огромни штети на медиумскиот бизнис во целина. Според предлогот на Ван Хауте членовите на Советот ќе имаат одврзани раце со своите одлуки да затвраат медиуми без при тоа да ги сносат последиците доколку се докаже дека нивната одлука е неправедна.

Во Законот кој го предложува Ван Хауте стои дека новинарот и водителот во секоја контактна емисија или дневни вести мораат да имаат претставници од двете страни за темата која е предмет на информација, на двете страни да им се даде идентичен простор без право на свој став, анализа или коментар на новинарот или водителот. Доколку ова не биде обезбедено информацијата не смее да биде пласирана а новинарот и медиумот ќе бидат казнети. Казните, кои според овој закон ги определува Директорот на агенцијата за медиуми, поставен по предлог на СДСМ, предвидуваат времено одземање право за работа како на медумот така и на новинарот, а како следна казна е трајно одземање лиценца за работа на медиумот и забрана за новинарот да се занимава со професијата новинарство.

  Во новиот предлог закон стои дека овластени предлагачи на членови на Советот да бидат две невладини организации кои се активни подолго од пет години во областа на унапрдување на човековите права и медиумските слободи, што не значи ништо друго освен предлог СОРОС да го формира речиси целиот совет на агенцијата за медиуми, со што агенцијата ќе биде продолежена рака на СДСМ во борбата со најголемите политички непријатели на Заев, медиумите.

Со новиот закон на Ван Хауте на новинарите им се забранува да размислуваат со сопствената глава и од нив се бара да бидат сервис на желбата на СДСМ.
„Презентерите на вести и новинарите, во вестите и дневно-информативните програми не смеат да изразуваат нивни лични гледишта. “ – се вели во петтиот став на членот 62-а од предлогот на Ван Хауте, што е спротивнона сите европски и светски закони.

Медиумите не се согласуваат ниту со членот 105 кој предвидува јавниот сервис да се финансира со 0,7% од државниот буџет, бидејќи на тој начин ќе се создаде нелојална конкуренција кон приватните телевизии.

Новиот предлог на Ван Хауте, според Македонската асоцијација на новинари МАН, не е ништо друго освен повторување на законот за медиуми кој го предложи СДСМ.

Според МАН доколку се размислува за промена на постоечкиот закон за медиуми во него треба да се вметнат сугестии  и забелшки на сите угледни и репрезентативни медиумски асоцијации од Европа. МАН предлага:

- Советот на Агенцијата за медиуми да биде составен од 11 члена, а овластени предлагачи на членови  да бидат двете здруженија на новинари со најголем број членови, Интеруниверзитетската конференција,  Асоцијацијата на национални телевизии, заедницата на единиците на локална самоуправа, Македонската православна црква, Исламската верска заедница и Адвокатската комора.

- на јавниот радиодифузен сервис да не му е дозволено рекламирање – освен на програма од сопствена и настани од големо јавно значење утвредни со закон.

Ман исто така бара намалување на казните и укинивање на членот кој предвидува неосновани забрани и можности за субјективност во казнената политика, во интерес на либеризација на медиумите.