Фудбал
10. July 2015 - 11:49

Ван Бастен вклучен во стручниот штаб на Холандија

 

Прославениот холандски фудбалер Марко ван Бастен ќе работи како помошник-тренер на селекторот на Холандија Дани Блинд. Ван Бастен постигна договор со тамошниот сојуз да биде дел од стручниот штаб на националниот тим до крајот на 2018 година.

50-годишниот Ван Бастен ќе му помага на Блинд кој на селекторското место го замени Гус Хидинк.
 
- Одлично е чувството на враќање во националниот тим. Имам можност да работам на највисоко ниво. Се надевам дека ќе се квалификуваме за Европското и Светското првенство, изјави Ван Бастен за веб-страната на националниот сојуз.
 
Тој ги предводеше „лалињата“ од 2004-2008 година, а во текот на неговата тренерска кариера беше шеф на стручниот штаб во Ајакс, Херевен и АЗ.