Фудбал
23. November 2017 - 9:22

Валверде објасни зошто Меси не беше во стартните 11-мина против Јуве

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја кажа причината поради која Линонел Меси не беше во почетниот состав синоќа на дуелот со Јувентус.
 
Аргентинецот го почна дуелот од резервната клупа и влезе во игра на почетокот на второто полувреме.
 
- Оваа сезона одигра многу игри и има голема одговорност на себе. Знаевме дека играта може да се отвори во вториот дел од натпреварот, па затоа сакав малку да го одморам и да имам опција да го размрдам тимот со неговото влегување. Мислевме дека ова е вистинскиот натпревар на кој не мора да игра 90 минути и не сакам да зборувам многу за тоа, изјави тренерот на Каталонците.
 
Средбата заврши 0:0, резултат по кој Барселона го обезбеди првото место во Д-групата од Лигата на шампионите, додека Јувентус со победа во последното коло од групата фаза ќе обезбеди осминафинале.