Македонија
11. April 2016 - 16:51

Валтер: СДСМ да учествува на изборите – Бојкотот може само да го загрози напредокот на Македонија

СДСМ да учествува на изборите на 5ти јуни зашто бојкотот ќе биде неодговорен чекор, порачува поранешниот потпретседател на Парламентарното Собрание на Советот на Европа и известител за постмониторинг дијалогот со Република Макеоднија Роберт Валтер.

- Ги повикувам сите политички партии, а особено СДСМ, да учествуваат на изборите на 5 јуни. Верувам дека бојкотот на изборите од страна на СДСМ и другите опозициски партии ќе биде неодговорен чекор кој ќе го загрози напредокот на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО и ќе ја поткопа довербата на инвеститорите во земјата, вели Ваљлтер во пишаната изјава.

Според него, опозициските партии претставуваат значаен дел од македонската популација која заслужува да биде застапена во Парламентот.

- Уставно право е на секој граѓанин да ги избира своите претставници. Должност е на оние кои би ги избрале да ги претставуваат нивните интереси во Парламентот, нагласува Валтер кој ја предводеше делегацијата на Велика Британија во ПССЕ во периодот од 2010-2015 година.  

Британскиот конзервативец уште по изборите во 2014та апелираше до опозициската апртија да гиз аземе своите места во Собранието. Од денешен аспект го поддржува договорот од Пржино и смета дека е тоа начин да се обезбеди учеството на сите во изборниот процес и да се гарантира признавање на изборниот резултата од сите учесници.

Смета дека одложувањето на изборите на 24 април било несреќна одлука нод ека 5ти јуни е вистинска шанса за спроведување фер и демократски избори во согласност со Пржинскиот договор.

„Државната изборна комисија треба да добие целосна поддршка во исполнувањето ан задачата да утврди веродостоен избирачки список. Но мора да се има предвид дека дури и во „најзрелите“ парламентарни демократии не постои совршен избирачки список. Гласачи умираат,  го менуваат своето живеалиште, или се иселуваат од државата. Во многу држави гласачи кои живеат во странство или служат во армијата се регистрирани на своите псоледни живеалишта. Во некои земји, гласачите кои имаат повеќе од еден дом се регистрирани на секоја од адресите на живеење. Малите неправилности не смеат да бидат причина за прогласување на невалиден изборен резултата“, оценува Валтер.

Тој порачува согласно договорот од Пржино да се продолжи со создавањето клима во која никој не може да врши влијание врз медиумите или галсачите.

Инаку, Валтер како известувач за Македонија во ПССЕ посочува дека бил добро запознаен со политичката ситуација во Македонија, а по завршувањето на неговата функција на известувач во 2015 година продолжил да ги следи состојбите во земјата. По парламентарните избори во 2014 година, тој неколку пати го посетил Скопје заедно со претставници од групата на социјалистите во ПССЕ и побарале од опозициската СДСМ да се врати во Парламентот и да учествува во политичкиот живот согласно уставната рамка.

Видеа од Македонија