Кошарка
22. March 2017 - 9:35

Валенсија и Хапоел за место во финалето на Еврокупот

 
 Екипите на Валенсија и Хапоел Ерусалим ќе се борат за место во финалето на второто по квалитет клупско кошаркарско натпревраување Еврокупот. 
 
Откако во првите два полуфинални натпревари тимовите ја искористија предноста на домашниот терен, вечерва шпанската Валенсија ќе ја има поддршката од публиката во решавачкиот трет меч односно мајсторката. 
 
Дуелот ќе започне од 20.45 часот, а победникот ќе биде противик на Уникаха во финалето. 
 
Потсетување дека Уникаша ги доби двата полуфинални натпревари против рускиот тим Локомотив Кубан.