Македонија
16. December 2017 - 16:37

Валандово предвреме ќе ја открива опасноста од можни поплави

Валандово предвереме ќе ја открива опасноста од можни поплави. Преку изградба на систем за превенција и рано предупредување  општината ќе ги превенира поплавите   кои  во изминатите години беа  причина за серизни проблеми за голем дел од населението,  но и за големи штети. Станува збор за систем кој за прв пат се имплементира во Република Македонија.

Проектот се реализира како дел од прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Бугарија  и предвидува поставување интегриран  софтверски систем со повеќе мерни станици во Валандово, но и во партнерската општина Кресна. Во Валандово ќе бидат поставени две, една на реката Вардар и една на Анска Река,  додека во општината Кресна се планирани 5 мерни станици на исто толлку реки.

-И општина Кресна и општина Валандово имаат потреба од ваков систем. Софтверот ќе биде поставен во општина Валандово. Станува збор за револуционерен проект, за прв пат и во Република Македонија и во Република Бугарија и се надевам дека благодетите од него ќе ги имаме многу брзо, тече периодот на имплементација, вели Перо Костадинов – градоначалник на општина Валандово.

Освен инструментите за следење на нивото на врнежите и метеоролошките услови на определени места со анализата, хидрометеоролошките станци со радарски сензори за предупредување,  проектот предвидува и обука на 40 лица и институции од двете општини кои ќе дејствуваат во услови на временски непогоди и кризни состојби.

 Вкупната вредност изнесува  380 000 евра од кои околу 240 000 се наменети за општина Валандово.