Џет-Сет
18. November 2017 - 9:39

Вака Ламбе Алабакоски и син му Михаил во ист ден славеа роденден!

Ламбе Алабакоски откако се ожени и го доби синот Михаил, како да му кажа „збогум“ на пеењето, па тој и неговата сопруга Магдалена уживаат во детството на својот единец.

Михаил очигледно од мама ја наследил убавината, од тато стилот, па уште на една и пол годишна возраст личеше на вистински мал господин кој ветува дека ќе биде голем даса кога ќе потпорасне…

Као времето бргу лета, додека се завртиш ете ти го Михаил како го слави својот трет роденден… и тоа не сам, туку заедно со роденденот на татко му… на ист трошок!

 

Обајцата седнати крај масата за да ги дувнат свеќичките… Славеничка торта до душа нема, ама затоа има роденденски колачиња…  Вirthday cookies – што би рекле+ шампањско… И тоа со посвета: Среќен роденден… на квадрат! И на Ламбе и на малиот Михаил! Или … #happy birthday to us…  како што напишал во  роденденскиот пост самиот Ламбе! А Михаил… машала, не веќе мал! Израснал во виситинско момче. Или што би рекол еден од пријателите на Алабакоски: „Малиот машала, нинџа прав“!

Сега роденден, а за некој ден ( вторник, 21 ноември) Михаил ќе слави и именден… Св. Архангел-Михаил!  Овој пат слава му е саму нему, па тато Ламбе не ќе може да мине на еден трошок… Може само да му честита, да наздрави и да се напие!