Живот
23. јуни 2017 - 18:46

Вака ќе ги препознаете злобните луѓе - карактеристиките на лицата со „расипано срце“

Не сите на луѓе на светот се добри и не ви посакуваат добро, затоа обрнете внимание со кој се дружите.

Следните знаци покажуваат дека си имате работа со злобни луѓе:

1. Злобните луѓе се експерти за создавање забуни и кавги - тие извртуваат реченици, лажат, избегнуваат преземање одговорност, ја негираат реалноста, измислуваат приказни и ги задржуваат информациите за себе.

2. Луѓето со „расипано срце“ се експерти за залажување на другите со слаткоречивост.

3. Тие секогаш сакаат да ги контролираат останатите, а самите на себе си се најголем авторитет.

4. Тие сакаат милост, а самите не ја пружаат, бараат топлина, прошка од луѓето на кои им предизвикале болка и не се обидуваат да ги поправат работите кои ги направиле погрешно.

5. Злобните луѓе немаат совест и не се каат.