-->
-->
Вака изгледал Небојша Глоговац 9 дена пред смртта, соседите раскажуваат за последните средби со него
-->
Српскиот актер Небојша Глоговац, кој почина од рак на 48 години, беше погребан во понеделникот. Тагата во Србија во великанот уште не стивнува.
Тој во вечното почивалиште беше испратен достоинствено, а покрај семејството и пријателите последна почит му оддадоа голем број од колегите и почитувачите на неговиот лик и дело.
Српските медиуми објавија фотографии на кои актерот е фотографиран на 31 јануари, само 9 дена пред неговата смрт.\
Соседите кои го познавале за српските медиуми опишале како изгледал последен пат кога го виделе.
-Го видов пред зградата, а од медиумите дознав дека е болен. По него никогаш не би заклучила дека е во таква состојба, изјавила тогаш вработената во кафулето кое се наоѓа во близина на зградата каде живееше Глоговац.
-Во понеделник го сретнав, еден маж го донесе до влезот. Се држеше за стомакот и едвај се движеше. Помислив дека го совладал уморот или дека се напил. Денес слушнав дека се разболел, вели сосед на актерот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо