Македонија
25. January 2018 - 16:24

Вајгл очекува дека до крајот на февруари ќе се случи средбата меѓу власта и опозицијата во Куќата на Моне во Париз

Европратениците во нов обид да го воспостават дијалогот Жан Моне. По првичното одложување на разговорите, во интервју за МИА европратеникот и известувач за Македонија Иво Вајгл најавува посета на Скопје на крајот на февруари кога се надева дека поканата ќе биде прифатена од сите партии вклучително и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- Најпрво го чекавме нивниот вонреден конгрес и одлуката за раководството на партијата, и се разбира, одлуката на новото раководство дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во тој проект. Досега таков одговор се уште не сме добиле. Добив информација дека идната недела новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Брисел и тогаш ќе имаме разговор со него. Меѓутоа, ние донесовме одлука уште во февруари да дојдеме во Скопје, ние тројцата пратеници кои сме иницијатори на таа иницијатива, Едвард Кукан, Кнуц Флекенштајн и јас, и дефинитивно да се договориме за новиот датум на првиот состанок и за темите кои би биле одобрени, усогласени за тој прв состанок, изјави Вајгл МИА.

Дијалогот во куќата на Жан Моне првично беше планирано да се одржи деновиве но сплет на повеќе фактори бил причина разговорите да се одложат најверојатно до март. Покрај учеството на ВМРО-ДПМНЕ, спикерот Џафери брифираше дека причина се и интензивните преговори за името кои не треба да се наметнат како централна тема во процесот Жан Моне.

И евроамбасадорот Жбогар смета дека процеот Жан Моне не треба да се однесува на прашањето за името. Очекува оваа иницијативата на Веропскиот парламент да се реализира на пролет.

Европската Унија апелира најголемата опозициска партија да биде вклучена во процесот на донесување и спроведување на реформите. Европратеникот Вајгл смета дека исчекорот во делот на името но и одлучните реформи можат да и донесат на Македонија датум за преговори уште оваа година.