-->
-->
Вајгл: Македонија сега има фер шанса да почне преговори за членство во ЕУ
-->
Известувачот за Република Македонија од Европскиот парламент, Иво Вајгл, вели дека земјата има фер шанса да почне преговори за членство во Европската унија, откако со негово и посредство на неговите колеги-европратеници Ричард Ховит и Едвард Кукан, како и на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, четирите најголеми политички партии во Македонија, вчера изутрина постигнаа договор за ставање крај на политичката криза во земјата.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Вајгл, кој учествуваше во сите преговори меѓу Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети, договорот што беше постигнат вчера изутрина во Скопје меѓу четирите главни политички партии стави крај на политичката криза со која Република Македонија се соочи.
- Со договорот што беше потпишан од страна на лидерите на четирите најголеми политички партии, а со посредство на комесарот Хан и тројцата европратеници Вајгл, Кукан и Ховит, Македонија сега има фер шанса да напредува како земја-кандидат за членство во ЕУ и конечно да започне преговори. Соработката меѓу Еврокомисијата, Европарламентот и Европскиот совет во овој процес беше ефикасна и продуктивна од самиот почеток. Сега, Македонија треба да се заложи за спроведување на реформите кои се очекуваат од земјата што се стреми кон евро-атланските интеграции, посочува Вајгл.
Според искусниот словенечки европратеник, политичкиот договор во Македонија меѓудругото вклучува враќање во парламентот на СДСМ, организација на нова влада што ќе подготвува избори што ќе се одржат на 24-ти април 2016 година и назначување на Специјален обвинител што ќе ги испита проблемите поврзани или кои произлегуваат од следењето на комуникациите, со кои, според Вајгл и започна политичката криза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација