Македонија
19. March 2018 - 17:23

В понеделник во судница ќе биде прикажана целата снимка од ПИМ мерките во случајот „Поткуп“

Целосната снимка на која Зоран Заев како Градоначалник на Струмица бара поткуп, ќе се гледа во судница. На денешното рочиште неговата одбрана побара од судот видеото обезбедено со ПИМ мерка да се емитува јавно, а истото го побара и обвинетиот Заев. Тој пред судот изјави дека така ќе се вратат дел од неговите углед и чест бидејќи објавената снимка на јутјуб не ја прикажувала вистината за случајот.

Предлогот на одбраната на Заев, за обвинителството не беше прифатлив. Велат дека доказ обезбеден со посебни истражни мерки  се употребува само во судската постапка и затоа судот треба да ја исклучи јавноста. Сепак, судечкиот совет одлучи идниот понеделник јавно да ја емитува целата снимка.

Инаку Заев во случајот Поткуп е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од 160 илјади евра за легализација на градежно земјиште.