Свет
10. August 2017 - 18:06

Уживале на позната плажа кога одеднаш се појавил чамец полн со луѓе кои почнале да бегаат: Никој не знаел што се случува

Туристи на една плажа на југот во Шпанија останале затекнати и збунети кога на брегот пристигнал гумен чамец со група од околу 30 мигранти.

На видео снимката се гледа како чамецот се приближува на плажата, а потоа од него почнуваат да се симнуваат мигранти.

- Што се случува? - потполно зачудено прашал еден од капачите.

Сето ова го снимил Карлос Санс, кој бил таму на одмор. Според неговите зборови, групата мигранти брзо исчезнала а полицијата се појавила многу подоцна, пренесува АП.

Очевидците наведуваат дека многу од мигрантите ја промениле облеката за да избегаат од полицијата.

Потоа како што пренесуваат локални медиуми, влегле во автомобили, а ги пренесувале како што претпоставуваат криумчари.

Шпанската плажа се наоѓа на само 30 километри од африканскиот брег.

Погледнете го видеото: