Балкан
22. March 2017 - 19:02

Ужасно злосторство: Им ги исекол главите на братот и бабата и ги фрлил во печка

Страотно злосторство се случи во местото Луковец во Словенија, кога 35-годишен маж му ја отсекол главата на својот 31-годишен брат и на 80-годишната баба, а главите потоа ги ставил во зажарена печка.

Убиецот сам потоа повикал полиција и рекол дека во куќата во која се наоѓал има два трупа, но и дека „се е мирно, па и дека полицијата на мира може да дојде“.

Полицијата соопшти дека мажот ги признал бруталните убиства, но дека мотивот засега е непознат, пренесоа медиумите.