Џет-Сет
7. October 2017 - 17:27

Ужасно убиство: Mанекенката Јана е пронајдена искасапена покрај своето бебе

Манекенката Јана Касијан (30) е пронајдена мртва во куќа во Западен Холивуд кога момчето, богат канадски наследник на недвижности и милионер Блејк Либел (35) ја искасапил.

Деловите од нејзиното тело биле откорнати, а изваден и бил и скалпот.

Оваа страшна трагедија да биде поголена, Јана е пронајдена мртва на креветот покрај своето бебе што го добила со канадскиот бизнисмен Либел.

Овој случај по година дена од трагедијата повторно е актуелен во јавноста зошто детали за злосторството дури неодамна се откриени.

Обдукцијата во меѓувреме покажа дека целото тело и било унаказено. Таа била без крв, скалпирана, на вилицата имала траги од гризење, а делови од нејзиното лице биле откинати, вклучувајќи го и десното уво.

Кога по злосторството полицијата се обидела да влезе во куќата, Блејк се обидел да ги спречи, па се забарикадирал.

Не им дозволувал на полицајците да влезат во неговиот стан. Се обидел со мебелот да ја блокира вратата, меѓутоа кога полицајците влегле, го пронашле искасапеното тело на Јана во неговата спална соба.

На него при апсењето се забележани модринки, но треба да се докаже ужасното злосторство.

Тој моментално е во притвор и чека судење, а неговите адвокати даваат се од себе за да докажат дека Блејк не е психички способен за судење.

Како причина за смртта се наведува тоа што целосно искрвариле и претрпела ужасен удар во главата.

Кога неговата девојка е убиена, тој бил под кауција поради силување. Полицијата никогаш не ја идентификуваше како жртва на силување, па не е познато дали тоа била Јана.

Во времето на нејзината смрт, тој, како што им рекол на полицајците, пишувал графички романи. Инаку, колку бил чуден сведочи и една соседка во луксузниот крај во кој живееле. Таа за „Торонто Стар“ раскажа дека го видела со модрица и дека изгледал прилично „пореметено“.