Живот
2. October 2017 - 13:33

Ужасно: Старица доаѓа на погреби на непознати луѓе, се замрзнале кога дознале зошто

Старицата Тереза Дојл (65) од Англија е позната по тоа што доаѓа на секој погреб бо градот Слау, а причината е неверојатно банална - да се најаде и напие.

Така таа не пропуштила ниту еден погреб во последните 14 години. Откако ќе изјави сочуство на семејството и ќе го испрати покојникот, Тереза се „фрла“ на јадењето и пиењето кое го носи семејството.

Тереза секој пат оди погреб со велосипед. Од дома тргнува облечена во норамална облека, а потоа среде гробиштата облекува црнина и оди по капелите, тврдат нејзините соседи. Меѓутоа на старицата не и е гајле за тоа.

Маргарет Вајтхед неодамна ја погребала ќерка си и останала во шок кога видела како непозната жена се шета меѓу ожалостените на погребот. Таа вели дека Тереза се разборела со неа во текот на изјавувањето на сочуство.

-По погребот јадеше како да не постои утре. На крајот наполни една кеса со храна, седна на велосипедот и отиде, раскажува Маргарет и додава дека старицата од еден погреб отишла разочарана зошто ништо не и дале да јаде.