Балкан
9. January 2017 - 19:32

Ужасни детали за смртта на бебето најдено на депонија, со часови умирало во најстрашни маки

Цела Србија и регионот се зачудени од веста дека е пронајдено мртво бебе на депонијата во Врњачка бања. Обдукцијата откри страшни детали за смртта на новороденчето.

Бебето било живо 12 часа пред смртта. Самото тело било во засирена крв, а папочната врвца не била отсечена.

Се уште не се знае дали бебето е фрлено во некој контејнер или било донесено директоно на депонијата.

Инаку, работниците од депонијата дента собирале ѓубре од контејнерите во Врњачка Бања и кога камионот бил полн го однеле на празнење на депонијата во Грачац.

Ѓубретарите ја известиле полицијата, а увид извршиле и полицијата и истражен судија од Краљево, по што бебето е префрлено на обукција.

Додека ѓубретарите го собирале ѓубрето не забележале ништо сомнително, тука кога го празнеле камионот забележале ќебе кое кога се одвиткало испаднало мртвото бебе.