Балкан
17. February 2017 - 12:36

Ужасни детали: Го зграпчил роденото бебе и го фрлил на под, му го извадил окото

Белграѓанецот Миломир С. (23) завчера во куќата на својата тешта во околината на Уб го фрлил своето бебе старо само 15 дена на под и му го скршил черепот, а претходно ја нокаутирал и својата тешта.

Несреќното бебе е во критична состојба и е сместено во болница каде лекарите се борат за нејзиниот живот, а насилникот на сослушувањето се правдал дека бебето случајно му испаднало од раце додека се расправал со мајката на сопругата.

Инцидентот се одиграл додека организирале мекици за новороденчето. Дента осомниченото момче дошло кај тештата заедно со сопругата и бебето старо две недели. На семејната веселба трабалод а дојдат роднините и пријателите и првпат да ги видат бебето. Во еден момент сопругата на Миломир и се пожалила на својата мајка дека тој ја малтертира и физички и психички. Ја замолила мајка си да го предупреди и да престане со малтретирањето.

Foto: A. Nalbantjan

Тештата според неговите зборови, го викнала зетот во соба и го предупредила дека ќе го пријави во полиција ако уште еднаш ја удри нејзината ќерка.

-Тука избила жолчна расправија при која Миломир силно ја удрил тештата во глава и таа паднала. Потоа тој го зграпчил роденото бебе и го треснал на под. Сопругата веднаш повикала полиција и брза помош. Насилникот е уаспен и тешко повреденото новороденче е префрлено во болница, вели соговорникот.

Бебето едвај давало знаци на живот.

-Главата и била отечен, а едното око и испаднало. НеНеговите родители не однесоа до лекар, а Миломир побегнал кај тетката. Ме молеа да кажам дека бебето паднало од количка, ама јас не ги послушав, вели тештата.

Бебето со фрактура на черепот е во животна опасност и е сместена на неврохируршкото одделение на Ургентниот центар во Белград, а од таму во шок-доба на Детската клиника.

По апсењето Миломир е изведен пред истражен судија и негирал дека го повредил своето бебе.

Тврдел дека тештата измисла се, за да го испрати во затвор, а тој само случајно го испуштил од раце бебето.

Обвинител му одреди притвор од 30 дена, а истрагата е во тек и ќе се испитаат сите членови на семејството зошто досега случајот е базиран на изјавата на тештата.

Мајката на бебето моментално се наоѓа во шок-соба со ќеркичката.