Балкан
22. јуни 2017 - 11:13

Ужасна трагедија: Дете (5) загина додека мајката ја отварала гаражата, сестрата близначка повредена

Во местото Старина кај Зеница синоќа во сообраќајна несреќа настрада петгодишно дете.

Во автомобилот биле брат и сестра близнаци, а трагедијата се случила додека мајката Н.Е. ја отклучувала гаражата во семејната куќа.

Иако и била крената рачната кочница, запалениот автомобил тргнал во рикверц, по што паднал од подѕидот. Возилото излетало од висина од 2, 5 метри и се превртело на покрив.

Детето Н.Д. им подлегнало на повредите на пат кон болница, а девојчето се здобило со полесни повреди.