Свет
16. November 2017 - 21:49

Ужасна трагедија: 15 лица загинаа вечерва во судир меѓу автобус и камион

Најмалку 14 лица загинаа вечерва при судар на автобус и камион што превезувал дрва во централниот руски регион Мари Ел, соопшти Министерството за вонредни состојби на Русија.

Во соопштението се посочува дека при несреќата, што се случила во близина на регионалниот центар на Мари Ел, Јошкар Оле, се повредени шест лица, меѓу кои и едно дете, кои се пренесени в болница, додека уште двајца патници се уште се заглавени во автобусот.

Според гувернерот на Мари Ел, Александар Евтигнеев, несреќата се случила кога авотубост преминал на спротивната лента на патот претекувајќи друго возило, при што директно се судрил со каминот.

Во реонот на несреќата денеска беа регистрирани обилни врнежи од снег.