Балкан
20. May 2017 - 12:09

Ужасна сообраќајка: Автомобилот се преполови од ударот, Ален и келнерката на место мртви

Ален Крижаниќ (28) од крижевачката приградска населба Царевдар и Петра Шантак (17) која живееча во Крижевци во Хрватска, починаа на местото на страотната сообраќајна несреќа, додека двајца кои биле на задното седиште на новиот мерцедес Ц класа поминале со полесни повреди. Станува збор за мажи од 50 и 46 години.

Според зборовите на очевидец тројката ја зеле Петра Шантак по нејзината смена во кафулето каде работела како келнерка, па ја возеле кон дома. Но, никој не знае што бил поводот за пребрзото возење на младиот Ален Крижаниќ, кој требало овој викенд да се врати во Германија каде последните неколку години бил вработен во Мерцедес.

-Младите најверојатно премногу се опуштиле и дојде до ова, велат мештаните.

Foto: Facebook/Alen Krizanic

Еден од преживеаните присутни на местото на несреќата раскажа дека Ален го предупредувале за брзината и дека не им е јасно зошто возел со 190 км/час по Загребачката улица и поминал низ раскрсницата без да запре.

Од силината на ударот бандерата во која удрила била пукната на три места, а еден од преживеаните совозачи излетал од возилото низ ветробранското стакло, а автомобилот се забил во коритото од потокот. Среќа во несреќа е што водостојот не бил повисок, инаку преживеаните би се удавеле пред да дојдат пожарникарите.

Дополнителен напор им овозможила новата каросерија на возилата чиј лим едвај успеале да го пресечат да во еден момент морале да сечат и под вода, што десега не правеле. Сепак успеале да ги спасат. Вториот совозач без свест лежел на тревнатиот дел на врвот од коритото.

Мештаните не паметат ваква сообраќајна несреќа. На никому не му е јасно што претходело на толку врзото возење. Обдукцијата ќе покаже дали алкохол бил во прашање.

Foto: Facebook/R I P Petra Šantak

Последно што починатата Петра Шантак го напишала на својот Фејсбук профил остава дополнителен впечаток на велиот настан.

-Верувам дека секоја приказна ќе го пронајде оној кому е наменета, како порака испратена од далечни времиња, напиша таа само неколку часа пред да го загуби животот.