Ужасна снимка од роб пронајден во Хрватска: Го мачеле, му кршеле заби, ребра, прсти...
Расим Ќулафиќ (36) живеел како роб и бил мачен година ипол дена во хрватското село Драганиќ, кај Карловац.
Над него брутално се изживувало едно ромско семејство, поточно Петар Велиќ (59) и неговите три сина, Игор (22), Иван (34) и Дражен (29), а судбината на овој несреќен човек го шокираше регионот.
Како што пишуваат хрватските медиуми, кога е пронајден во каналот едвај давал знаци за живот, а второто ромско семејство повикало итна помош и полиција. Премрзнат, претепан и недохранет Ќулафиќ е задржан во карловачката болница.
Сега е објавена снимка од овој напатен човек, на кој се гледа колку е измачуван. Ќулафиќ секој дел од имотот на кој го држеле како роб морал да го обработува за парче леб и неколку цигари. Неверојатно, но вистинито е што во 2017 година, во Европа, во близина на Загреб - Расим бил роб.
Таткото и тројцата синови брутално го мачеле. Го врзувале и го фрлале во сламата. Грбот му го полевале со средство за чистење на папапокот на стоката. Тоа и натаму му е отворена рана. Му ги кршеле забите, ребрата, го тепале со чекан по ноктите. Дури и циркуските животни имаат подобри услови од животот на несреќниот Расим.
Во Драганиќ никој нема храброст јавно да зборува за тоа. Сепак, без да се наведе идентитетот сакаат да разговараат. Полицијата повеќе пати била на имото на ова ромско семејство, кое, тврди дека го малтретираат целиот крај. Им ги трујат кучињата и им се закануваат со убиство. Повеќе пати ги пријавувале во полиција.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка