Балкан
12. September 2017 - 18:02

Ужасна снимка од Дубровник: Ветер фрли приколка од мостот долу во бездна

На мостот Фрањо Туѓман во Дубровник поради силниот ветар се откачи приколка од камион и удри во заштитната ограда, објави порталот 24 сата.

На снимката се гледа како ветерот ја превртува и ја фрла во бездната.

Полицијата излезе на терен и според првичните информации, за среќа нема повредени.

Поради силните ветрови мостот е затворен за целиот сообраќај, а поради дождот и ветерот на патиштата во градот владее тотален хаос па застоите се неизбежни.