Свет
23. March 2017 - 20:59

Ужасна ликвидација: Ги заклал трите деца и сопругата и се фрлил под воз

Француската полиција вчера го пронајде телото на три деца и една жена во домот на 46-годишен маж кој извршил самоубиство фрлајќи се под воз.

Полицијата на местото на самоубситвото во Тјен -Лермитаж, јужно од Лион пронајде порака во автомобилот на убиецот во кој вели дека го убил своето семејство.

Полицијата отишла до неговиот дом и го пронашла телото на партнерката на мажот во приземјето.

Телото ан неговиот 5 иполгодишен син и 12 и 13-годишните девојчиња на неговата партнерка биле на спратот во три одвоени соби.

Локаните весници напишаа дека четирите лица се убиени со ладно оружје и биле во пижами.

Изгледа дека мажот бил разделен од својата партнерка и дека се иселил 15 дена пред тоа.