Живот
11. December 2017 - 13:05

Ужасна исповед на курдски снајперист: Морам да ги убијам, најтешко ми е кога морам да убијам дете

Режисерот Роберт Доски го ризикуваше својот живот за да сними краток документарец за курдскиот снајперист Харон, кој дошол во сирискиот град Кабана за да се бори против Исламската држава.

Денот на Харон е приказна за пукање, убивање и размислување за иднината.

-Кога ќе ги убијам, ги проверувам нивните тела. Секако дека ме прогонуваат во ноќните кошмари. Некогаш тоа се деца. Но морам да ги убивам за да не ме убијат тие мене, рече Харон.

Како што истакнува во филмот, воопшто не е лесно да се биде снајперист зошто тоа бара голема математичка прецизност при гаѓањето.

-На Харон му беше драго што ја раскажува својата приказна, бидејќи сеќавањата го прогонуваат. Нејтежок дел од снимањето ми беше кога Харон ги проверува телата на луѓето кои ги убил. Тоа беше напната, но драго ми е што успеав, рече режисерот за Атлантик.

-Ситуациите низ кои сум поминал на никој не би му ги поскал, заклучува Харон.