Балкан
9. November 2015 - 12:05

Ужасна глетка на булеварот, ловџиите испратија порака - Ова не може вака!

Во неделата околу 16:00 часот на улиците во Сараево е забележана ужасна глетка.
 
Всушност, еден ловџија се одлучил својот плен да го покаже на жителите на Сараево, па на предниот дел од автомобилот ја врзал дивата свиња.
 
Другото убиено животно го врзал за задниот дел од автомобилот.
 
Фотографијата е објавен на социјалната мрежа Фејсбук.
 
Босанскиот портал Radiosarajevo.ba веднаш стапиле во конакт со друштвото на ловџии од каде изјавиле...„Тој ловец не смеел да направи такво нешто, тоа однесување ги крши сите кодекси“.