Живот
22. October 2017 - 18:25

Ужас во семејна куќа: Шестгодишно дете го застрелало тригодишниот брат!

Вистинска трагедија се одиграла во семејна куќа во Филаделфија, кога шестгодишно детенце го застрелало својот тригодишен брат!

Двете деца биле дома со постариот брат кој има 12 години и кој внимавал на нив.

Во еден момент шестгодишното дете пронашло пиштол и почнало да пука.

Еден од истреланите куршуми го погодил неговиот помлад брат во левата слепоочница.

Соседите повикале полицијата кога слушнале пукање и врисоци од соседната куќа.

Повреденото дете е префрлено во болица и лекарите се борат за неговиот живот.

Се уште не е утврдено што во моментот на трагедијата правел постариот брат но и чиј е пиштолот што го пронашле.