Живот
23. October 2017 - 13:17

Ужас во московското радио: Маж избоде во врат новинарка

Маж, вооружен со нож, денеска влегол во просториите на радиото „Ехото на Москва“ во рускиот главен град и ја нападнал новинарката Татјана Фелгенгауер, соопшти медиумот.

Напаѓачот ја ранил новинарката со нож во вратот, а веднаш потоа бил уапсен од обезбедувањето и предаден на полицијата.

Фелгенгауер е пренесена в болница и нема опасност за нејзиниот живот, истакнаа лекарските екипи.

Засега не е познат мотивот за нападот, ниту е соопштен идентитетот на напаѓачот.